Skip to main content

Библиотекарско здружение

Охридската Библиотека прогласена за Библиотека на годината

Признанието на Библиотеката ќе и биде доделено на 7 декември во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје во 14.00 часот.
 |  инфодеск  | 
Награда за охридската библиотека
????????????????????????????????????

Библиотекарското здружение на Македонија ја прогласи НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за „Библиотека на годината“.

Во образложението на Комисијата се вели: По внимателно разгледување на приложените документи за избор на признанието „Библиотека на годината за 2022 година”, Комисијата во состав: Јана Михајловска-Иванов, Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Андријана Апостоловска, Елена Станкоска и Ѓултен Ајрули ја донесоа следнава Одлука: Во категоријата основни училишта признанието го добива Основното  училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје и библиотекарката Славица Тодорова; од категоријата средни училишта признанието го добива Средното училиште „Јосип Броз Тито“ – Битола и библиотекарот Драган Ристевски и во категоријата Национални установи признанието го добива НУБ „Григор Прличев“ – Охрид, директорот Милчо Јованоски.

И така. Стигнавме до признанието БИБЛИОТЕКА НА ГОДИНАТА во категоријата на Национални установи од областа на библиотекарството. Ангажманот на сите колеги и излегувањето од комфорната зона го донесе успехот препознаен од колегите – членови на Комисијата. Библиотеката е нашиот втор дом, а читателите се нашето пошироко семејство. Од срце Ви благодарам на сите – напиша на социјалните мрежи м-р Милчо Јованоски, директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

„Гордоста е поголема, бидејќи признанието стигна во годината кога одбележуваме седум децении откако Библиотеката го носи името на поетот и преродбеник Прличев“, додаде Јованоски.

Признанието на Библиотеката ќе и биде доделено на 7 декември во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје во 14.00 часот.