Skip to main content

Охридската библиотека ја враќа културата на читање книги кај младите

Во време кога технологијата го намалува интересот за читање книги, од охридската библиотека со охрабрувачки податоци. Се зголемува бројот на членови на библиотеката. Вработените во Националната установа библиотека Григор Прличев постојано изнаоѓаат креативни начини како да ја привлечат помладата популација да стане дел од читателското семејство.
 |  Маја Савиќ  | 

Новата 2024 година за НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид започна охрабрувачки дека граѓаните се повеќе избираат дел од слободното време да го поминат читајќи книга. Одделот за позајмување книга на првиот работен ден во новата година го посетиле над 50-тина  членови на библиотеката.  Во време кога најголем дел од денот и младите, но и возрасните, минуваат на социјалните мрежи, се чини дека малку време останува за дружење со добра книга или со лектири. Но од градската библиотека велат дека ништо не ја заменува книгата. Во таа насока оди и податокот дека  во 2023  читателското семејство на охродската библиотека се зголемило за нови 400 читатели.

„Мораме да признаеме дека во еден период од крајот на 90-тите години од минатиот век  и во овие две децении од 21-от век читателската публика се намалувала од едноставна причина што развојот на технологијата земала замав и книгите останувале настрана а на нивно место доаѓале компјутерите, таблетите и сето она што е модерно. Но мора да признаам дека бројот на читатели е варијабилно. 19:04 Среќни сме што од ден во ден бројот на читатле се зголемува. Ние само во еден ден зачленивме 80-тина млади лица во соработка со Црвен Крст Охрид им подаривме годишно бесплатно членство. Тоа наскоро ќе го направиме со низа основни училишта во текот на оваа година по повод нивните патронати .“ – изјавиМилчо Јованоски, директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Од охридската библиотека посочуваат  дека потребна е поголема популаризација на книгата. Установата постојано изнаоѓа креативни начини како децата да се заинтересираат за книгата.

„Можам да кажам дека ние ја водиме битката, на некој начин со новото современо време во кое предничат тие таблети и други модерни уреди и кога сите мислиме дека е најдобро да се чита со нивна помош, но верувајте ми дека полека успеваме да ги вратиме читателите кон книгата, затоа што сепак мирисот на книгата и чувството при контактот со неа не се доживува преку компјутер. Знаеме дека тоа е тешко,но мислам дека со низа начини за популаризирање на книгата дека успеваме во тоа. “ – вели Јованоски.

Во охридската библиотека има над 1500 редовни читатели, oд кои дел годишно читаат и по 150 книги . Годишната членарина е безмалку симболична,  за деца е 200, а за возрасни 300 денари. Библиотечниот фонд е околу 150.000 наслови и истиот  се обновува секоја година.