Skip to main content

Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19

Во моментов се пет хоспитализирани лица на инфективното одделение на различна возраст. Ние ги примаме полесните случаи кои досега ги транспортиравме во Битола, потешките случаи ќе се испраќаат на Инфективната Клиника во Скопје. Капацитетот на охридската болница е лекување на 18 пациенти, вели директорот Горан Балевски.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19, информира Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница, по вчерашната најава на министерот за здравство д-р Венко Филипче дека повеќе нема место во Клиничката болница во Битола. Директорот Балевски кажува дека охридската болница има стручен и материјален капацитет за справување со новонастаната состојба. Во Општа болница Охрид е повторно направена нова реорганизација за згрижување на пациентите од охридскиот регион. На инфективното одделние има пациенти на различна возраст од 40 до 80 години, информира д-р Балевски.

„Во моментов на инфективното одделение има 5 мина позитивни пациенти. Ставен е во функција одделот на геријатрија, ќе добиеме легла за уште 10 пациенти. Одделот за геријатрија ќе го опслужуваат колегите од интерно во консулатација со колегите од инфективно. Така ќе имаме врска на двете одделенија. Вкупниот капацитет на болницата кој може да прими позитивни и суспектни е максимум 18 пациенти. Во опција се препораките кои ќе ги следиме, никој не може да ја предвиди оваа состојба“.

Апелираме до сите за максимална заштита и почитување на сите препораки од министерството за здравство за да се одржи во функција здравствениот систем, порачува д-р Балевски. Во моментов сите одделенија на болницата работат стабилно и се следат сите препораки. Во тријажниот центар на општа болница од отворањето до сега, за два месеци, поминале над 10.000 луѓе, информира директорот на ЈЗУ Ооша Болница Охрид. За здравствената состојба на пациентите вели дека засега е под контрола.

„Моментално пациентите се во стабилна состојба, со лесно-тешка клиничка слика со кислородна поддршка, нашите инфектолози и интернисти ќе успеат да не им се влоши состојбата. Засега е стабилна состојбата.“

Ние ги примаме полесните случаи кои досега ги транспортиравме во Битола, потешките случаи ќе се испраќаат на Инфективната Клиника во Скопје. Ако дојде до наплив на повеќе пациенти ќе се отвори новиот хируршки блок но само за охридските пациенти, вели Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница.