Охридската болница е подготвена за примена на задолжителната анализа на мамографските слики од двајца независни радиолози
Болницата има тим на лекари и мамограф за рано откривање на ова малигно заболување. Месец октомври е во знак на борба против рак на дојка заболување кое е во пораст и кај нас и во светот.
Охридската болница е подготвена за надградбата на Националната платформа Мој термин со која задолжително мамографските слики ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози, како што најави мианеистрот за здрвство Венко Филипче. Болницата има 3 специјалисти радиолози, информира Славица Малеска директор на оваа здравствена установа. Во болницата неколку години функционира мамограф и има тим на доктори кои се грижат за редовните мамографските прегледи на жените од регионот. Статитиката на охридскиот Центар за јавно здравје покажува дека во 2018 амбулантски биле лекувани 253 жени и 5 мажи, а во 2013 година бројот на жени кои се лекувале од карцином на дојка бил 249 жени и 5 мажи. Министерството за здравсто прави напори за рано детектирање на ракот на дојка , како и обезбедување на современи медицински третмани кои ќе им овомзожат квалитетен живот на болните од рак и нивно излекување. Биба Додева, претседател на Здружението “Борка“, инфомира за повеќе придобивки кои се досега реализирани во таа насока за болните од рак на дојка, но дека активно се борат и за други поволности кои ќе бидат на товар на Фондот за здравство и ќе им го олеснат лекувањето на пациентите со ова малигно заболување.
„Градникот како ортопедско помагало од оваа година е достапен на товар на фондот, а ракавицата за лимфодема од следната година ќе биде достапна. Работиме и на тоа и периката да биде достапна. Нашето здружение има дадено околу 1000 перики на бесплатно користење на пациентки кои имаат потреба, но и ова треба да е на товар на фондот“, кажува Додева.
Министерството за здравсто овзоможи достапност на 30 нови биолошки лекови исклучително скапи за најголемиот број пациенти кои се со хемато – онколошки малигнитети и тумори. Од следната година една од поволностите за пациентите кои се лекуваат од сите малигни заболувања е и тоа што ќе бидат ослободени од партиципација при лекувањето, вели Додева. Таа најавува дека на идните срдби со министерството за здрваство ќе се разговара и за поволности на пациентите од внатрешноста кои доаѓаат на продолжено лекување во Скопје.
„ жИма доста пациенти од Охрид во нашето здружение. Ние се трудиме да ги детектираме нивните проблеми. Следниот период ќе имаме состанок со министерството и ќе разговараме како да им помогнеме при патувањето, дали да бидат организирани патувањата и да им се помогне и на овие пациенти кои доаѓаат на хемотерапија во Скопје“, укажува Додева.
Додева апелира жените да се одзиваат на поканите што ги добиваат и да ги прават редовните мамографски прегледи, да се подига свеста за оваа болест како и информираноста дека раните прегледи се од исклучителна важност во борбата против ракот на дојка. Претседателката на здружението „Борка“, Биба Додева, вели дека 11-та година по ред ја спроведуваат кампањата за борба против ракот заедно со американската Амбасада.