Охридската болница најавува изградба на систем за снабдување со течен кислород за сите одделенија
Во стариот дел од болничката зграда нема централен довод на кислород за Интернистичкиот и Инфективниот оддел. Во моментов на овие оддели се користат тешки кислородни боци за лекување на болните од ковид 19.
Изградба на систем за снабдување на течен кислород за сите болнички одделенија, најавува д-р Горан Балевски директор на општа болница Охрид. Довод на течен кислород има само во ново изградениот хируршки блок. Стариот дел на охридската болница и болничките павилјони се без централен довод на кислород.
„Се обидуваме со градоначалникот да направиме еден систем на течен кислород кој би го обезбедил како донација општината. За наредните 50 години болницата да добие течен кислород. Тоа би биле големи танкери од кои ќе го добиваме кислород во течна форма. Со посебен систем на садови би оддел кон Интерно, Нервно, Детскиот оддел, Геријатрија кон сите одделенија на болницата“.
Во моментов се користат кислородни боци за лекување на пациентите со ковид 19 на болничките оддели на Инфективно и Интерно. Има голема потреба од употреба од ксилород во лекувањето на зболените пациенти. Неодамна им се појавиле и проблеми со набавка на редуцир вентилите за кислородните боци. Проблемот го решивме со помош на хуманитарни донаци од наши граѓани и организации за што им се многу благодарни, вели д-р Балевски.
„Сега сме стабилни со редуцир вентилите на кислородните боци. Еден период ги немаше, беа дефицитарни на пазарот и не може да се набават. Тоа беше голем удар врз здравстениот систем , на станиците со кислород и кислородните боци. Никој ова не можеше да го предвиди дека ќе доживееме ваков удар во есенскиот бран“.
Постојано се прави дотур на кислородни боци на одделенијата и навечер се организираат дежурни екипи кои ги пренесуваат тешките боци. Директорот на болницата д-р Горан Балевски информира дека во охридската болница дневно се трошат по 50 боци кислород од по 40 литри и 150 бари за лекување на пациентите од ковид 19.