Skip to main content

Охридската гимназија се осовременува

Денес по повод патрониот празник на Гимназијата Св. Климент Охридски беа презентирани новите кабинети и простории. Направени се осум кабинети по речиси сите предмети кои се опремени со инвентар, телевизори, компјутери како и една просторија наменета за прием на родителите, а во подготовка е и просторијата за учениците.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охридската гимназија се осовременува. Направени се осум кабинети по речиси сите предмети кои се опремени со инвентар, телевизори, компјутери како и една просторија наменета за прием на родителите, а во подготовка е и просторијата за учениците во која ќе можат да го поминуваат слободното време или да извршуваат некои воншколски активности. Денес по повод патрониот празник на Гимназијата Св. Климент Охридски и официјално беа презентирани новите кабинети и простории.

Кабинетската настава е поттик за подобра работа и на професорите и на учениците, а со подобрувањето на условите ќе дојдиме и до подобри резултати. Ние сме среќни што можеме да ги ппрезентираме кабинетите и да се заблагодариме за средствата кои ги добивме од општината и очекуваме и понатаму да продолжиме со уредување барем на внатрешните простории, вели директорката.

Градоначалникот Јован Стојаноски истакна дека општината постојано се залага да ги подобри условите за работа во образовните институции во градов и дека охридската гимназија од која произлегле навистина квалитетни кадри заслужува да има и кабинетска настава.

Се трудиме како Локалана самоуправа да има што подобри услови за образование затоа што тоа ќе ја води општината напред и ќе ја води и државата напред, рече градоначалникот.


Пратеничката, а воедно и претседателката на Комисијата за образование наука и спорт, Жаклина Лазареска потсети дека реализацијата на овој проект е резултат на едно поодамнешно залагање на советничката група на СДСМ кога таа предложила амандман за издвојување средства од буџетот на општината за подобрување на условите во охридската гимназија. Амандманот бил прифатен, но поради немање средства тогаш проектот не бил реализиран.

Ланската година беа доделени од страна на Министерството за образование една поголема сума средства за да можеме денес да го видиме ова што всушност и секое училиште го заслужува, рече Лазаревска.

Инаку денес покрај презентацијата на кабинетите и новите простории во Гимназијата беше отворена и изложба со уметнички дела на ученици, беа доделени сертификати од летната школа по информатика, доделени беа и наградите за најдобри литературни, уметнички и музички творби на училишниот конкурс по повод патрониот празник, а беа преставени и странските јазици низ традиционалните кујни на Италија, Франција, Германија и Англија.