Skip to main content

Охридската градинка има потреба од вработување на стручен и технички персонал

Охридската градинка Јасна Ристеска има потреба од вработување на стручен и технички персонал. Според нормативите за работа потребен е поголем број на воспитувачки и негователки бидејќи и  во  групите се згрижени деца над нормативите. За потребите на градинките е побарана согласност од Министерството  за труд и социјална политика од каде се очекува трајно решавање на проблемот.

 |  Валентина Неловска  | 

Во објектите на охридската градинка Јасна Ристеска се згрижени 1000 деца, а на листата на чекање се околу 130, информира директорката на установата Мери Рилкоска. Бројот на згрижените деца во градинките е над нормативите за работа па според тоа се потребни и нови вработувања. Во некои објекти има групи и со над 35 деца и се јавува потреба од вработување на стручен и технички персонал.

„ Најмалку уште 4 воспитувачи ќе ни се потребни, многу повеќе негователки некаде околу 10 – тина. Но, и стручни работници и соработници кои ни се потребни за да се исполнат сите барања на родителите и да им се пружи подобра воспитна и згрижувачка дејност на децата“, подвлекува Рилкоска.

 

Интересот на родителите за сместување на децата е голем и за градинка и за јасли, вели Рилкоска. Место повеќе се бара и во објектите во Лескоец, Велгошти и Радојца Новичиќ. Во моментот градинката има 109 вработени на неопределено работно време. 25 се на одредено работно време, а се ангажирани 10 вработени со проекти на 4 часа работно време.

„ Имаме логопед и дефктолог преку агенција за вработување, а потребни ни се психолог и педагог, места кој не се пополнети, а се испразнети. Исто така ни е потребен и технички кадар. Објектите се пространи и за да функционираат ни е потребен и технички персонал“, вели Рилкоска.

Од Јавната детска градинка „Јасна Ристеска“ побарале согласност за потребните вработувања од Министерството за труд и социјална политика од каде очекуваат трајно решавање на проблемо со вработувања на неопределено време.

Ресорното министерство пак досега констатирало потреба од 2000 нови варботувања низ градинките во земјава.