Skip to main content

Охридската итна медицинска служба солидно екипирана и опремена да одговори на предизвиците

Итната медицинска служба на град Охрид има доволно амбулантни возила и солидна екипираност да одговори на потребите од прва здравствена помош на над 50 000 луѓе. Располага  и со современа медицинска опрема.
 |  инфодеск  | 

Брзата помош во Охрид има доволно амбулантни возила. За територијата, која ја покрива,  над 50 000 жители има седум амбулантни возила, од кои шест санитетски комбиња. Набавени се уште две кои наскоро ќе бидат ставени во функција. Сите  се опремени  со потребната медицинска апаратура за укажување на прва помош

„Комбињата се со потполна современа опрема, сите имаат дефибрилатори со монитори., боци за кислородна поддршка, шанцови графати, аспиратор вентилатор со опрема сме можамд а кажам добри. Во однос на објектот  сепак се работи за стара зграда имавме реновирање на фасадата, промена на врати и прозори подобрена е состојбата со опрема сме подобри. Со годишмниот план за годинава се надеваме од на пролет ќе имаме нови градежни зафати и внатрешно во објектот.“ – вели д-р Михаил Кичов.

Итната медицинска помош во Охрид е добро екипирана и со персонал недостиг има само од двајца лекари.

„ Моментално сме девет доктори, недостига уште двајца имаме 17 сестри, т.е осумнаесет но една оди во пензија. Имаме и десет возачи и двајца техничка служба за домашни посети. Како и цела македонија така и кај нас во недстиг ни се доктори бидејки претходната година имавме три заминувања една докторка во пензија, двајца заминаа во други клиники, а имавме само едно вработување бидејки беа замрзнати се надеваме дека ќе добиеме согласност за вработување на еден до двајца доктори за да може да ги покриеме смените за непречено да фунцкионира службата.“ – додава Кичов.

Итната медицинска служба најголем обем на работа има во текот на летните месеци. Во јули и август има над триесет повици дневно. Повеќе работа има службата и за Новогодишните празници и другите празници  кога има поголем наплив на туристи Во останатиот период  во просек дневно има од десет до 13 повици.

Новинар Соња Рилковска