Skip to main content

Охридската касарна е претворена во дувло на лисици

Охридската касарна е претворена во дувло на лисици.

 |  Валентина Неловска  | 
kasarna
kasarna

Напуштената охридската касарна е претворена во дувло на лисици. 230.000 квадрати површина се запуштени и  обраснати со треви, грмушки и  шума. Жители од Радојца Новичиќ  стравуваат за безбедноста и тврдат лисиците ноќе и во раните утрински часови им доаѓаат во дворовите.

 Блаже Настоски раскажува „често пати имам приметено дека  излегуваат лисици од касарната и преминуваат на бетон. Не случајно чувам дома кучиња, ноќе има јаки лаежи. Имаме приметено дека доаѓаат по храна во кантите за ѓубре. При одење на работа пред мене  ми помина лисица и ја бркав со возилото по патото кон Радојца Новичиќ. Тоа се големи лисици и во секој период од годината ги има.“  
 
kasarna
Жителите ги забележуваат и  покрај патот  кој води кон населбата Радојца Новичиќ, покрај каналот по кој тече реката Сушица како пијат вода. Сега, покрај кучињата се плашат и од лисиците, а стравуваат за својата  безбедност и од  беснило.

„ Апелираме до надлежните, до градоначалникот и институциите да преземат чекори за да живееме во помирна средина бидејќи во населбата има големи проблеми“.

Во ловната организација Охрид информираат дека за појавата на лисици во касарната до нив не пријавил никој. Но, не се изненадени бидејќи кажуваат дека и во повеќе приградски населби е забележана појава на лисици кои бараат храна. Тврдат дека според законските прописи не може да интревенираат и да пукаат во населени места. Напоменуваат дека ја контролираат појавата на беснило која за среќа  не е евидентирана  во нашата околина.

kasarnaПроцесот за предавање на касарната од Министерството за  одбрана во владение на Локалната самоуправа трае повеќе години. При неодамнешната посета на државниот секретар во Министретсвото за одбрана, Сашо Стефаноски, се осврна и за процесот на предавање на касарната на локалните власти, при тоа не прецизирајќи кога тоа и конкретно ќе се случи .

„ Тоа е наша одговорност како Влада на Р. Македонија. И ние тоа ќе го направиме преку две конкретни работи. Тоа е преку пренесување на корисничкото право на објектите во локалитетот Мауцкер со што на општина Охрид ќе и се даде можност да формира индустриска развојна зона и се разбира делот во касарната, кој што е предвиден во програмата на Министерството за одбрана да биде пренесен на управување на општина Охрид“.
Пред 2 години Министерството за транспорт и врски даде согласност за урбанистичкиот план на просторот на касарната. Градските архитекти на просторот на поранешната касарна испланирале објекти  кои им недостасуваат на жителите од овој дел на градот.

{loadposition content9}