„Енхелеус Лихнид” организираше голема еколошка акција во најголемиот парк во Охрид.
Мисијата да ова култно место, кое за жал останало на забот на времето го претвориме во место за уживање и место кое ќе шири култура, полека полека станува успешна – велат од здружението.
Заедно со активисти од Еколошкото друштво „Грашница„ „Чист Охрид” , ЈП „Охридски Комуналец” „Културолошка иницијатива 5 до 12″ , Kasarna Hub и највредните ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” и СОСУ „Св. Кирил и Методиј”, се исчисти просторот околу касарната и амфитеатарот кој сега може повторно да се стави во функција за културни активности.
Со ваквите акции ги поттикнуваме и останатите да се приклучат кон еко- акциите или оние кои не можат да присуствуваат можат да донираат средства преку онлајн – платформата: https://ecrowd.mk/…/773b3380-124f-4920-8151-c7d5c005076f
Средствата ќе бидат искористени за касарната да ја вратиме во комплетен сјај – додаваат оттаму.