Skip to main content

Лабораториски истражувања

Охридската липа со моќни биолошки вредности

Лабораториските истражувања на Охридската Липа прикажуваат исклучителни резултативо поглед на биолошката вредност. Затоа потребна е дополнителна заштита на самоникната липа и дивиот костен и нивно третирање како природно богатсво заради врвниот биолошки потенцијал.
 |  инфодеск  | 
Охридска липа

Исклучителни резултати прикажуваат лабораториските истражувањата на Охридската самоникна липа.

Mеѓународeн истражувачки тим составен од повеќе професори од универзитети од Македонија, Србија и Турција вршеле анализи и истражување и на липите од Охридски, Скопски и Струмички регион. Климатски услови, надморската висина, чист воздух езерската клима се условите на Охридскиот регион кои ја зголемуваат биолошката вредност на липата, вели Д-р Моника Стојанова дел од истражувачкиот тим.

И навистина повторно истите резултати ги добивме каде Скопските и Струмичките липи заостанаа во однос на резултатите споредено со Охридските липи. За липите кога говориме, подготвивме екстракт од цветот на липата, исто ги анализиравме од аспект на тешките метали, хемиски состав и биолошкиот потенцијал, односно антиоксидативно и антимикробно дејство а во моментов се во тек истражувањата за антивирусно дејство кои го имаат овие екстракти.“, истакнува Д-р. Моника Стојанова.

Во лабораториски услови подготвен е сосем нов прозивод во светски рамки, а станува збор за ладен чај од липа кој што дополнително е збогатен со екстрактот од липа.

Се надеваме дека доколку се покаже поголем интерес и од страна на индустриите во Македонија, овој производ можеби за догледно време би станал и комерцијално достапен. Односно градот Охрид пред се како место од каде што потекнува суровината, а понатаму и Македонија ќе може да го добие и својот може да кажеме меѓу првите функционални производи кои што ќе изобилува со биолошка вредност.“, смета Д-р Стојанова.

Охридската самоникна липа ги содржи сите потребни компоненти на едно место, при што нема потреба од додавање на компоненти од други растенија Доктор Стојанова апелира дека Охридските самоникната липа и див костен треба да добијат дополнителна заштита и да се третираат како природно богатсво заради нивниот исклучителен биолошки потенцијал и вредност.