Skip to main content

Охридската полиција, даруваше крв

Охридската полиција денес даруваше крв. Ова е прва крводарителска акција за годинава, во рамки на традиционалните 4 акции кои се спроведуват на годишно ниво. Кон акцијата се приклучија и дел од граѓаните, но и пезионираните полициски службеници.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Со дарување крв, охридската полиција повеќе се доближува до граѓаните. Денес вработените во СВР Охрид  и Регионалниот Центар Запад гранична полиција, даруваа крв во рамки на 4-те редовни годишни крводарителски акции кои се одржуваат во службените простории на секторот. Во денешната акција беа собрани околу 30 единици крв, информираше полицискиот гласноговорник Стефан Димоски. Додаде дека е задоволен од одзивот на неговите колеги.

„Во однос на реализацијата на оваа акција можам да кажам дека во текот на изминатата 2015 година беа организирани три крводарителски акции. Во текот на оваа година предвидени се уште најмалку 3. Ова е уште еден начин како полициските службеници да се приближат до граѓаните и начин на кој што полициските службеници ја изразуваат својата хуманост со дарување на крвта што живот значи“

Денес во службените простории на СВР Охрид и граѓаните ја покажаа својата хуманост и се придружија во дарувањето крв со полициските службеници.
Анкета

„Имам многу пати дарувани крв сега дојдов овде случајно видов дека даруваат крв и јас дадов, не сум од полицискиот тим, слободен граѓанин сум“.

Инаку, оваа хумана активност претставува продолжување на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Во акцијата се приклучија и дел од пензионираните полициски службеници.