Skip to main content

ТППЕ

Охридската пожарна доби теренско возило

Станува збор за џип со противпожарна надградба за интервенции во тешко пристапни делови од градот и околината. Пожарникарите ќе се подноват и со нова заштитна опрема за технички интервенции после многу години.
 |  Валентина Неловска  | 

Охридската територијална противпожарна единица доби ново, современо возило за гасење пожари. Возилото е донација од Центарот за управување со кризи. Сега, пожарникарите може да здивнат, затоа што возниот парк се подновува. Со возилото ќе им биде полесен пристапот за интервенци на тешко пристапните делови од градот и околината, информира Борко Јанкулоски, командир на ТППЕ.

Тоа е џип со двојна кабина, со товарен простор, со противпожарна надградба. Нешто што апелиравме да се набави и ни фалеше во Охрид како туристички град, со години. Возилата со кои располагаме се не пристапни во стар град и Националниот парк Галичица. Сега е полесно да интервенираме, ова е помало возило, но со 6 метарско црево за гасење на пожари“.

Пожарникарите од територијалната противпожарна единица ќе се подноват и со заштитна противпожарна опрема. Набавена е нова, целосна опрема за пожарникарите. Охридските пожарникари досега, најчесто користеа донирана, веќе користена опрема за заштита во опасните интервенции и борбата со пожарите.

„Очекуваме и заштитна опрема. Реализиран е тендер за сите сите 38 пожарникари, заштитна опрема за шумски и технички интервенции, очекуваме испораката да се заврши идната недела.Ова е нова заштитна опрема, со тендер реализиран преку општина Охрид. После долго време, се врши набавка на опрема.Јас сум 15 години пожарникар и ова е прв пат да добиеме, нешто ново, квалитетно за наша заштита“.

Од ТППЕ заедно со доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ изготвиле проект за набавка на противпожарно теренско возило со надградба за потребите на општина Дебрца. Исто така, изготвиле и проект кој е во фаза на реализација и за набавка на ново противпожарно возило со донација од Јапонската амбасада. Со набавка на специјалните возила пожарната ќе има на располагање 8 противпожарни возила за интервенции во Охрид и Дебрца.