Охридската ривиера располага со многу апартмани од висока категорија
Охридската ривиера располага со многу апартмани од висока категорија.
На охридското крајбрежје има над 90 регистрирани апартмани од висока категорија. Оваа бројка пред 4 години била скоро двојно помала, информираат од одделението за туризам при ЛС. И додека бројот на регистрирани легла во приватното сместување квантитативно е стандарден, расте квалитативната понуда на апартманското сместување, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер.
„Она што е упадливо и значајно што бројот на апартманите со една ѕвездичка опаѓа.Во моментов нема апартмани од најниска категорија, додека бројот на апартмани со 2, 3 и 4 ѕвездички се зголемува. Ако се направи анализа квантитативно бројот на апартманите бележат пораст, но не многу. Додека се забележува дека е во пораст квалитетот на апартманските услуги што се нудат на туристите“, вели Апостолов.
Сопствениците постојано инвестираат во објектите и го подобруваат квалитетот на услугите кои ги нудат на гостите. За подобрувањето на кавалитетот на апартманите допринесуваат и неколку фактори, вели Апостолов.
„ Сето тоа е комплетарно и со пораст на туристите од година на година. Субвенционирањето кое го добиваат тур оператори кои носат организирано туристи и ни даваат до знаење дека со тоа се подобрува стандардот. Во сместувачките капацитети се зголемува и самиот прилив на средства за приватните станоиздавачи“ рече Апостолов.
Во Охрид се регистрирани 2400 приватни станоиздавачи.Тие на туристите преку цела година им нудат 5200 сместувачки капацитети и 12.300 легла.