Oхридската школа Бреин о бреин ги отвара вратите за упис на нови ученици
Oхридската школа Бреин о бреин ги отвара вратите за упис на нови ученици.
Голем е интересот за упис на нови ученици во школата Бреин о бреин која работи во рамките на ОО ЦК Охрид. Родителите ја избираата оваа школа затоа што за успехот кој го има постигнато со децата во изминатите 6 години надалеку се слуша.
5 годишната Софија Божиновска ќе биде дел од тимот на малите охридски мозочиња , а нејзината мајка Маја кажува зошто избрала нејзиното дете да ја посетува школата Бреин о Бреин.
„ Сметам дека детскиот мозок има голем капацитет за развивање и создавање на нови конекции и сега е вистински момент во детството да се создадат нови врски во мозокот со цел децата да бидат поуспешни во сите полиња“, вели Божиновска.
Валентина Кузманоска, инструктор во Бреин о бреин, напоменува дека за само неколку часа просториите во ЦК каде што работат ги посетиле голем број родители. Тие се заинтересирани нивните деца да бидат дел од тимот. Таа напоменува дека најголем е интересот за децата од 5 годишна возраст, една година пред поаѓање на училиште.
„Програмата е концепирана во зависност од возраста на секое дете кое почнува во прво ниво. Постојните 9 групи продолжуват понатаму со напредното ниво, додека новите независно од возраста 4,5, 7, 9 или 11 години сите го почнуваат првото ниво. Разликата е само во тоа што оние од 4 и 5 години ќе следат програма Литл боб, а останатите нормална програма намената за прво ниво, појаснува инструкторот Кузманоска.
Досега низ школата Бреин о бреин со разни вештини се стекнале над 200 ученици од различни возрасти. 16 од нив ги завршиле сите 10 нивоа. Годинешниот упис на бројот на деца не е ограничен, има место за сите заинтересирани, а со нив ќе работат 3-ца обучени инструктори.