Skip to main content

Охридската ул „Стив Наумов“ во катастрофална состојба

Чистење на коритото на реката Грашница, поправка на патот од поранешна Охридска трговија до стариот влез на Винарска визба, поставување на улично осветлување, чистење на обраснатите тревни површини, изградба на детско игралиште. Ова се само дел од барањата на жителите на ул „Стив Наумов“ во Охрид, кои, како што изјавија пред камерата на нашата телевизија, овие проблеми најмалку 5 децении наназад не им биле решени.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Охридската улица „Стив Наумов“, ископана, неасфалтирана, неосветлена, обрасната со трева, претставува голем проблем за мештаните од овој потег. Како што изјавија мештаните пред камерата на ТВМ, тие години наназад тропале на вратите на општина Охрид, со цел надлежните да ги слушнат нивните проблеми и да почнат да ги решаваат, но досега нивните напори не вродиле со плод. Ајдар Муарем жител на оваа улица, вели дека нивнито трпение веќе било при крај од слушање на разни ветувања, па токму затоа решиле преку нашиот медиум да ја информираат целата јавност како околу 20сеттина семејства живеат во град во 21 век.

„До тука има канал, од жбуновите на патот жителите не можат да поминуваат, патот е тесен, врват камиони, кога врне дожд се поплавуваме бидејќи немаме канал, во голема криза сме асфалтот ни е стар 50 години“.

Муарем е многу револтиран на надлежните, вели дека секоја година молат нешто да преземат, бидејќи и тие како и сите останати жители во градов, уредно ги плаќаат сите комуналии и даноци кон општина Охрид.

„Ја поздравувам општина Охрид, да ги прифатат нашите барања и да ни дадат можност и на нашата улица да биде чисто како и на другите улици бидејќи и ние сме граѓани на Охрид, јас се движам низ многу улици во Охрид и гледам како се убаво уредени, асфалтирани, а овде кај нас е многу запуштено, се случува некогаш камионите од винарска визба да ни го попречат патот и дури и со велосипед да не можеме да поминеме“.

Во врска со барањата на граѓаните на ул „Стив Наумов“, побаравме одговор од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Портпаролот на Секторот Љупчо Танески, вети дека уште утре ќе испрати нивна екипа на терен со цел да ја увидат состојбата со овој потег, па потоа да излезат со коментар околоу тоа што општина Охрид планира да направи на овој потег и дали оваа улица е влезена во некоја програма за реконструкција на патишта.