Skip to main content

Охридските борци реагираат во врска инцидентот од свечената седница за 11 Октомври

Со цел правилно информирање на јавноста Претседателството на ОпО на СБ одржа Вонредна седница на ден 14.10.2014 година на која што ги усвои следните ставови и зајклучоци:

 |  Голабовски Крсте  | 
borci
борци

Со цел правилно информирање на јавноста Претседателството на ОпО на СБ одржа Вонредна седница на ден 14.10.2014 година на која што ги усвои следните ставови и зајклучоци:

borci1. Сојузот на борците на Македонија, како непартиска, невладина, патриотска, мултиетничка и единствена Организација на учесниците во НОБ низ која ја изборија слободата и државноста на оваа земја, не се бори за власт . Но СБ има морален кредибилитет да се бори за опстанокот, безбедноста и за прогресот на државата меѓу другото и со давање на свои мислења, свои ставови и низ критички однос кон сето она што го кочи развојот на општеството. Секогаш сме имале таков однос независно од тоа кој се наоѓа на власт.
    
2. Претседателството ја потврдува мислата на Георгиески – претседателот на Општинската организација на СБЗА Охрид И Дебарца  дека борците не би биле борци ако не ја кажат вистината како гледаат на актуелната состојба во државата. Георгиески не обвини никого истакнувајќи дека не е важно  кој е виновникот за состојбата во државата. Рече дека сме земја без конструктивен политички дијалог помеѓу позицијата и опозицијата. Претседателството цени дека е тоа непобитен факт. Георгиески рече дека сме сериозно задолжена земја. Исто така рече дека ни се случува егзодус на младите мозоци. Овие зборови се потврдени од Заводот за статистика на РМ, од Светска банка и од ООН. Овие негови зборови во многу потешка опсервација се изнесени само три дена предходно во Извештајот на Комисијата на ЕУ. Значи тоа не е изолиран И личен став на Георгиески туку преземени констатации на сите предходно наведени институции.
    
borciГеоргиески го пренесе ставот од пораката на ГО на СБМ за загриженоста на членството на СБ за меѓуетничките односи. После тоа Градоначалникот и неговите соработници ја напуштија седницата така што не беа присутни да ја чујат пораката каде беше дадена поента на целиот говор дека со работа и ангажирање на исправање на сите наведени пропусти државата може да оди во прогрес. Ниеден збор не значеше критика нити за власта нити за било кого. Претседателството на ОпО на СБ од Охрид и  Дебарца цени дека Георгиески само ја изнесе вистината која е презентирана и од Меѓународната заедница. Затоа презентираната вистина не треба да предизвикува негативни инсинуации и борците уште еднаш укажуваат дека вистината нема да ја ставаме под тепих.
    
3. Претседателството истакнува дека на сите досегашни седници се изразувани и благодарност и признание за успешната соработка со Градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа . Претседателството цени дека напуштањето на салата е израз на лично несогласување со содржината на говорот..Изразуваме жалење поради игнорирањето на говорникот кој е Претседател на легална и легитимна Организација, истовремено и член на Претседателството на ГО на СБМ и неговото претседателство зашто преку таа постапка се игнорира целиот Сојуз на борци на РМ.
    
4. Претседателството на СБ демантира дека Георгиески изнел лични видувања и ставови за власта во земјава, така барем стои во соопштението од кабинетот на Градоначалникот Бакрачески. Георгиески всушност никаде не спомена власт, а изнесе само мал дел од ставовите на ГО на СБМ кои беа изнесени  во пораката од средбата на генерации во Прилеп одржана четири дена предходно.
    
borci5. Пораката што ја изнесе Георгиески а не ја слушнаа оние кои ја напуштија седницата беше во функција за решавање на проблемите а не во функција на нечија политичка дискредитација. Ја почитуваме секоја власт независно од политичката опција, но ја критикуване и  секоја власт се дотогаш додека чувствуваме дека демократијата го губи здивот, додека има сиромаштија, додека нашите мозоци ги градат перспективите на други држави, додека имаме меѓуетнички и меѓуверски тензии, додека на наша територија се формираат други држави, додека се палат цркви и државни знамиња.
    Претседателството цени дека Георгиески не го злоупотреби празникот за својот говор. 11 Октомври е празник на Востанието на македонскиот народ но и Ден на борецот кога членовите на СБМ имаат морално право И обврска да ги изнесат своите ставови И за она што е постигнато но и за она што не е направено како треба. Борците имаат такво право затоа што тие ја донеле слободата и независноста на македонскиот народ.
    
6. Во соопштението од кабинетот на Градонаалникот се вели дека Георгиески во животот никогаш не бил борец но дека раководи со боречката Организација. Оној кој го напишал соопштението нема елементарни познавања за персоналната структура на СБ затоа што покрај членовите борци од НОБ, во СБ членуваат и граѓани продолжувачи на борбените традиции но и учесници – бранители во конфликтот  од 2001 година.
    
Претседателството со гордост го наметнува своето задоволство со фактот дека во СБ на доброволна основа членуваат македонци, албанци, турци, власи, срби, бошњаци… од сите националности кои живеат во нашата земја. Сите тие членуваат врз основа на принципиелни ставови за еднаквост, рамноправност и меѓусебно почитување. Треба да се знае уште еден факт, а тоа е дека меѓу членовите имамечленови со различни политички и партиски убедувања. Никогаш не сме барале виновник кај никого за она што не е добро зашто сите се виновни, не оддаваме признание за се што е добро направено затоа што сите се заслужни. Но бараме почитување од сите за оние кои ги положиле своите животи, пред се  низ почитување на мислењето кое го искажуваат Органите на СБ. Тоа мислење не мора да биде прифатено но не треба да биде згазено на недоличен начин.

7. Претседателството изразува спремност досегашната успешна соработка да биде продолжена но на принципиелна основа, со обострано меѓусебно почитување. За таа цел го покануваме  Г-динот Градоначалник Бакрачески на средба за да размениме мислења, да ги решиме недоразбирањата за да можеме уште повеќе да се почитуваме.

Стои во реакцијата од Претседателство на Оп.О на СБ Охрид и  Дебарца

{loadposition content9}