Skip to main content

Дипломи за децата од „Охридски бранови 2008“

Денеска клубот за пливање, Охридски бранови 2008 го одржа одржа последниот пливачки час.

 |  Маленкова Татјана  | 
klub ohridski branovi
клуб Охридски бранови

Со доделување на дипломи и одигрување на игри, денеска школата за пливање Охридски бранови 2008, на градскиот отворен базен го одржа последниот пливачки час за оваа сезона.  Децата кои ова лето преку Охридски бранови ги изучуваа тајните на пливањето, воодушевени од она што го научија, но и од начинот на кој тренерите им ги пренесоа тајните на klub ohridski branoviповеќето техники за пливање.

Не само децата и тренерите од клубот Охридски бранови разочарани што сезоната заврши. Тие се повеќе  од сигурни дека онаму каде што застанаа ќе продолжат следната година, затоа што се  децата се талентирани и можат многу да постигнат.  

„Од дечињата сме презадоволни, 99% научија да пливаат. Применувавме нови методи во обуката, не ги користеввме оние стари стереотипи во пливањето  туку имевме помошни матријали преку игра дечињата научија да пливаат“, истакна тренерот по пливање, Ристе Јанкоски.
 
Јанкоски додава дека се задоволни од уловите во кои работеле пеку целото лето. Тој признава дека децата многу брзо ги прифатиле новите техники за изучување на тајните на пливањето и открива дека нивната школа за прв пат годинава воведе нови техники за изучување на пливањето и елементите во пливањето и тоа преку игра.  

„Изучивме крал, делфин, грбно пливање. Ги излучивме основните работи, а следната година одиме на klub ohridski branoviусовршување на тие техники.  Затоа што немаме затворен базен се надевеме дека во иднина ќе го добиеме и тоа за да можеме и професионално да се занимаваме со пливањето. Има доста талентирани деца со кои треба да се работи. Добро е познато дека во спортот само 5 % е талент, а 95 % е напорна работа“, вели Јанкоски.

Во школата за пливање „Охридски бранови 2008 год“ ова лето научија да пливаат преку 60 деца. Тренерите валат дека сите членови на оваа школа  имале еднаква можност да научат да пливаат.  Тие додваат дека работеле во неколку групи со по 20 деца, затоа што според нив тоа е идеална група, доколку се тежнее да се постигне добар резулат.  
Од „Охридски бранови “ се категорични дека идеална воздаст за да се почне со пливање е 5 години, а највисока нема. Нивната девиза е „Секое време е добро за учење, без разлика на годините“.
 
{loadposition content9}