Skip to main content

Охридскиот дел од езерото комплено исчистено од неексплодирани убојни средства

Заврши последната фаза од акцијата со која се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. „Акцијата траеше 35 дене и сметам дека истата ја завршивме максимално успешно“, вели директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу.

 |  Татјана Маленкова  | 
direkcija za zastita i spasuvanje
дирекција за заштита и спасување

Shaban SaliuЗаврши последната фаза од акцијата со која се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. „Акцијата траеше 35 дене и сметам дека истата ја завршивме максимално успешно“, вели директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу.

При чистењето на езерото од неексплодирани убојни средства извадени се околу 8,6 неексплодирани убојни средства од прва и втора светска војна.

„ Вкупно од првата и втората акција беа извадени 15, 9 тони неексплодирани убојни средства. Ова што го направивме е извонредна акција која е добра за Охрид, Македонија и пошироко, затоа што Охрид во лето го посетуваат луѓе од секаде“, вели директор на дирекција за заштита и спасување Шабан Салиу.

Донатори на проектот за чистење на езерото од неексплодирани убојни средства се САД. Тој е изработен од дирекцијата за заштита и спасување во соработка со организацијата која работи на деминирање на убојни средства – АЈТИЕФ од Словенија. Заменик директор на меѓународниот фонд за деминирање од АЈТИЕФ Горан Гачник истакнува дека соработката помеѓу меѓународниот фонд и македонската влада започнала во 2006 год.

Сознанијата велат дека на Струшкиот дел сеуште има неексплодирани убојни средства кои чекаат подобри времиња за да бидат извадени.

„ Да, и на Струшкиот дел од езерото истотака откриени се неексплодирани убојни средства. Мислам дека доколку ни помогнат донаторите би продолжиле со акцијата за чистење на охридското езерото и на струшка страна“, вели Салиу.

Во втората акција за целосно чистење на езерото од неексплодираните убојни средства беа применети нови методи – детектори, кои го детектираа металот Неексплодираните Убојни Средства закопан во муљот на поголеми длабочини.

Покрај нив годинава на располагање специјаните тимови имаа и пумпи, така наречена смукалки, со која ќе се шмукаше муљта, за полесно да се дојде до неексплодираните убојни средства.

{loadposition content9}