Охридските доктори на специјализација во Љубљана
Четири доктори од болницата „Св Еразмо“ одат на специјализација во реномирана клиника во Љубљана. Станува збор за специјализација на двајца ортопеди, еден анестезиолог и еден трауматолог. Тие се дел од листата од 21 доктор за кои државата 100% ги плаќа трошоците за 5 годишна пракса и доедукација.
Др Христијан Паункоски од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ заминува на специјализација во реномиран клинички центар во Љубљана. Тој изрази надеж дека за време на 5 годишната специјализација во странство ќе ги стекне сите потребни искуства кои подоцна би ги пренел тука во специјалната болница, односно на неговите колеги, со што смета дека би придонел за развивање на ортопедијата не само во Охрид туку и во целата држава.
„Да се биде еден од четворицата од Охрид кои ќе заминат на специјализација во странство е голема чест но исто така и голема одговорност. Начелно ни е кажано дека ќе сме во клиничката болница во Љубљана четворицата сме разделени на специјализација, еден кандидат е на анестезија, двајца на ортопедија, еден на трауматологија, за сега толку деталите ќе следат во блиска иднина“ – вели Паункоски.
Паункоски со точност не можеше да прецизира на што е обврзан со договорот, бидејќи чекале понатамошни инструкции од Министерството за здравство. Познато му е дека пред да заминат на специјализација треба да научат општи познавања на словенскиот јазик за полесно да се снајдат со пациентите во Словенија. Заменик директорот на „Св Еразмо“, д-р Митре Милошески нагласи дека раководството на специјалната болница неколку години наназад работи по претходно донесен акционен план за континуирано вработување на млади доктори, но и на донесување на специјализанти од странство, со цел да се пополни таканаречената стручна празнина во болницата. Заслужните доктори од нивната болница според Милошески, во периодот пред 6 месеци кога Министерството за здраство донело одлука за упатување на дел од лекарите за специјализација во странство, биле едиствените кои работно биле ангажирани како доктори по општа медицина и ниту еден од четворица не биле одбиени за специјализација во странство.
„Ние се надеваме дека со нивната едукација во која што не се сомневаме за нивниот квалитет, затоа што тие и досега се покажаа како многу добри млади доктори дека со успех ќе ја завршат таа специјализација, ќе се вратат во нашава болница и држава и дека така стручно потковани многу ќе допринесат за подобрување на здравството во Р. Македонија, за подобрување на квалитетот на нашата болница да биде она што била и досега и уште повеќе со вака стручни доктори да го подигнеме нивото на здравствена заштита“ – изјави Милошески.
Тој кажува дека во досегашната практика во нивната болница докторите по 5 годишната специјализација биле обврзани десет години да работат во матичната установа. А во врска со сегашниот договор на неговите колеги, Милошески смета дека обврските на идните специјализанти ќе бидат со поригорозни услови. Тој вели дека не би требало да биде злоупотребено од страна на докторите тоа што државата 100% го плаќа нивниот трошок за доедукација во една светски позната клиника во Љубљана.
{loadposition content9}