Од 8-ми до 10-ти септември на улица „Кеј Македонија“ наспроти хотелот „Палас“ ќе се одржи Охридски фестивал на виното.
За добрата забава ќе бидат задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“, а свој настап ќе има и Ѓоко Танески. На фестивалот ќе настапат и Диџеј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Суперхикс.
Дополнително за доброто расположение на сите посетители на фестивалот ќе придонесат и македонските винарии кои убавите музички звуци ќе ги надополнат со квалитетно македонско вино.
Охриѓани и гостите заслужуваат да имаат вакви убави културни манифестации.