Skip to main content

Охридски функционери и членови на Вмро Дпме протестираа против СЈО

Охридски функционери  и членови на Вмро Дпме протестираа против СЈО.

 |  Валентина Неловска  | 

185 охридски функционери и членови на Вмро Дпмне протестираа пред СВР Охрид. Тие на овај начин искажаа  револт кон претставнците на  СЈО и начинот на врачување на  поканите за  сослушување во врска со донациите кои ги давале  на партијата за предвремените парламентарни избори во 2014. Повиканите на информативен разговор функционери и членови на Вмро Дпмне сметаат дека во чинот на донирање за партијата немало ништо  спорно. Донацијата е легална и правна работа, имаме право, сме донирале и ќе донираме, кажа Љубен Арнаудов  претседателот  на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

„ Тие доаѓаат не испитуваат зашто сме дале 1000 денари  донација за партијата. Нека се насочат на проблемите на криминалните зделки  1 евро за мене 1 евро за брат  ми. Ние се собравме овде и ќе дадеме отпор  и нема да дозволиме да прават што сакаат не е ова фашизам, апартхејд. Нас не обвинуваат за нешто, а  тие тоа го прават. Ние сме организирани и заедно ќе влеземе овде сите ги имаме овие покани“, кажа Арнаудов.
 
Пратеникот Сашо Василески беше меѓу присутните. Според него СЈО спроведува селективна правда и досега немале ниту еден изведен документ за криминалот на СДСМ и Заев. Во Охрид Вмро Дпмен победи со 2000 гласа разлика, а ова што денес се случува, според него,  е хајка и фрустрација на СДСМ и Заев  пред локалните избори кои почнуваат за 2-3 месеци.  Василески кажа дека се кае што дал поддршка на СЈО како пратеник во претходниот состав во Собранието

„ Сакам јавно да кажам дека во мене постои длабоко разочарување затоа што ова СЈО зазема страна и од денес за  мене е селективно јавно обвинителство“, напомена Василески.

Гоце Георгиески, директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор како и Каролина Буџакоска  член  на паријата реагираа на начинот на кој  полициски службеници им ги врачиле поканите за сослушување.

„ Вчера со полициско комбе дојдоа дома да ме претстават како криминалец. Јас не сум Зоран Заев и  Зоран Верушески. Тие земаа пари од држвата, ние дававме. Како граѓани на Охрид дониравме и за Стајковци, и за партијата и за изнемоштени лица и повторно ќе донирам“, кажа Георгиески.

„ Дома на врата од службеници на СВР Охрид бев побарана пред моите деца. Нема смисла СЈО да ги малтретира граѓаните членови на Вмро Дмпне да бидат повикани како членови и да сведочат за донација на партијата. Јас секогаш сум донирал и ќе донирам за паријата, за сиромашните, за поплави и земјотреси и други работи “ , кажа Буџакоска.

СЈО во зградата на Секторот за внатрешни работи започна со спроведување информативни разговори со околу 200 лица. Сослушувањето ќе трае во наредните денови, а членовите и симпатизерите на Вмро Дпмне најавија дека тие ќе бидат тука секој ден додека трае сослушувањето.