Охридскиот гејмерски состав Ентити пишува историја
Охридските гејмери Ентити ја пишуваат сајбер историјата. Спектакуларните момци завршија први во својата група на Светското сајбер првенство кое годинава се одржува во Јужна Кореја. Ова е историски успех за Ентити, но и за Македонската сајбер репрезентација. Ова е прв пат после 8 години Македонија да ја помине групната фаза во ова натпреварување. Јован Каланоски-капитен, Јован Деребаноски, Александар Киселинов, Влатко Сековски и Анел Цековиќ-ова е составот на кантер страјк дружината Ентити. Но патот на овие момци не завршува тука. Веќе утре го продолжуваат нивниот победнички чекор. Ја пречекуваат репрезентацијата на Казахстан. Доколку победат, Ентити и Македонија ќе станат дел од петте најдобри екипи во светот. Да стискаме палци и да навиваме за нашите гејмери па нека ни се вратат и со медал.
{loadposition content9}