Охридски гимназијалци го покажаа актерскиот талент
Охридски гимназијалци го покажаа актерскиот талент
Средношколци од Св. Климент Охридски ја изведоа театарската претстава „Ветувањата на големите градови и тагата на малите градови“. Актерската група, составена од седумина охридски средношколци и осумина млади актери од Берлин, одигра претстава на македонски и англиски јазик. Оваа заедничка претстава е резултат на нивното учество на театарската работилница што се одржуваше во Охрид. Соработката помеѓу охридската гимназија и Вензел форумот од Берлин беше воспоставена во месец октомври лани, а денес продолжи во Охрид. Гимназијалецот Никола Буџакоски, член на училишното драмско студио, веќе има слично актерско искуство од гостувањето во Берлин, а е задоволен од можноста што учествуваше на театрската работилница во Охрид и во денешната претстава.
„ Работевме врз текст од наши идеи. Добивме прво една реченица од која ние направивме наш текст, го претворивме во сцени и се се склопи во една драма. Работевме кратко, четири дена, но се испадна супер. При импровизацијата не е тешко, си помагаме меѓусебе, се е сведено на импровизација и на наши идеи. Ништо не е напишано се е во нашите глави и се правиме директно на сцена“.
Кетрин Годеке и Ролф Златар беа театарските ментори на младите ученици-актери. Годеке е полна со пофални зборови кон младите талентирани луѓе. Тие ја одушевиле со нивниот ентузијазам, мотивација и пријателски однос кој започнал уште во Берлин. Кетрин Годеке открива како го избрале насловот на денешната претстава.
„ Почнавме со споделување на лични приказни и заедно одлучивме што ќе биде тема на изведбата. Многу добро соработувавме и напорно работеа. Сите го дадоа најдоброто од себе. Љубопитна сум како тоа ќе го изведат на сцена. Сигурна сум дека ќе е феноменално“.
Започнатата соработка помеѓу „Вензел форумот“ Берлин и гимназијата „Св. Климент Охридски“ ќе продолжи, заеднички се желбите и напорите. Најави во таа насока има и од Локалната самоуправа која вети поддршка на започнатата соработка за да прерасне во традиционална размена на театарски искуства.
{loadposition content9}