Skip to main content

Охридски хорски фестивал по петти пат

Јубилејно 5 по ред издание на охридскиот хорски фестивал.

 |  Маленкова Татјана  | 
horski festival
охридски хорски фестивал

Иако два месеци не делат од фетсивалот, подготовките во полн ек. Од дирекцијата на фестивалот најавуваат дека мора се да се организира навреме, затоа што ништо несмее да се остави на случајност. И покрај тоа што хорот има многу поддржувачи, сепак светската економска криза тропна и на оваа врата. Директорот на фестивалот открива дека и покрај финансиските проблеми фестивалот ќе се одржи и тоа најмногу благодарение на тоа што учесниците си го финансираат своето учество.

„ Јас мислам дека фестивалот веќе има искрени пријатели и тие кои ни се подржувачи и спонзори не не ohridski horski fetsival напуштаат. Најлесно е да направиш нешто гога имаш финансиски средства, но немора само со финасии има спонзори кои може да помогнет и на друг начин. Еве на пример Телевизија ТВ М која постојано не покрва и медиумски ги информира граѓаните посебно за време на одржувањето на фестивалот“, вели директор на Охридски хорски фестивал, Александар Димовски.
 
Интересот за охридскиот хорски фестивал е огромен, откриваат од дирекцијата. За годинешното издание од 50 учесници, до овој момент своето присуство го потврдиле 46 и тоа хорови претежно од Европа. Меѓу нив се  хоровите од Русија,  Шпанија, Словенија, Чешка, Унгарија, Турција, Бугарија, Романија. Од Македонија пак, своето учество го потврдиле  Хорот од Гевгелија, Младински хор од Скопје, Хорот „Менада“ од Тетово. Охридскиот Градскиот хор нема да учествува, затоа што сите членови се вклучени во организацијата на фестивалот и практично е невозможно да организира, вежба, пее и настапува истовремено. Хоровите и годинава најголем дел од своите настапи ќе ги имаат во дијаманската сала
на хотелот Инекс Горица.

„Таа сала се покажа како идеална за хорско пеење, атмосверата и инспиративноста на местото како и љубезноста на персоналот во Горица е она што најмногу им се допаѓаше на учесниците за што добивавме пофалби затоа и годинава најголем дел од фестивалот, или најсериозниот од натпреварот да се одржи таму“, вели Димовски.

Охридскиот хорски фестивал ќе се одржи од 23 до 27 август. Покрај во дијаманската сала и во катедралната црква Св Софија, хористите и годинава за пошироката јавност ќе пеат и на отворено по охридскиот кеј и на плоштадот.   

{loadposition content9}