Охридскиот кардиолог д-р Никола Бакрачески стана член на престижниот Американски Колеџ за Кардиологија
На свечена церемонија, на маргините на најголемиот и најзначаjниот годишен собир на кардиолози од целиот свет, а во организација на најмоќната заедница на кардиолози на американскиот континент- American College of Cardiology, во Њу Орлеанс, САД, на еминентниот македонски кардиолог д-р Никола Бакрачески од Охрид му беше официјално врачена титулата соработник на Американскиот Колеџ за Кардиологија или скратено FACC ( Fellow American College of Cardiology) – престижна група на еминентни кардиоваскуларни професионалци, признати и почитувани од глобалната кардиолошка заедница во светот, објави Вечер.

Претходно, во јануари 2025 д-р Бакрачески беше избран за соработник на Европското здружение по кардиологија FESC ( Fellow of the Europian Society of Cardiology) – и со тоа се придружи на посебната статусна група која помага да се дефинираат идните насоки на кардиологијата во Европа.


