„Охридски комуналец“ го средува зеленилото на ул. „Марко Цепенков“
Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ по налог на општинскиот инспекторат ја санира пешачката патека по улицата „ Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улицата „ Питу Гули“ до месноста „ Стобекс“.

Отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и диви жбунови од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците и видливоста на сообраќајните знаци.
Во одржувањето на зеленилото по јавно- прометните површини Ј.П.„Охридски Комуналец„ секојдневно се сретнува со проблеми кои произлегуваат од одржувањето на оградите, дрвјата и жбуновите кои од приватните имоти се шират на јавните пешачки површини и сообраќајниците.
Од ЈП „ Охридски комуналец“ ги потсетуваат граѓаните дека се должни сами да го одржуваат зеленилото на нивните имоти и тоа не смее да преминува на јавна површина и дека согласно Законот за јавна чистота овие дејствија подлежат на ригорозни казни.
{loadposition content9}