Skip to main content

И охридските лекари штрајкуваат

И охридските лекари го подржаа штрајкот на самостојниот синдикат. Тие интервенираат само при итни случаи. Се чека утре да се слушне ставот на двата синдикати по што најверојатно штрајкот ќе се интензивира.

 |  Јаковлева Лионела  | 
strajk lekari Ohrid
штрајк лекари Охрид

 

Поддршка на самостојниот синдикат на клиничкиот центар денес  му дадоа и докторите од општата болница од Охрид. Лекарите кои штрајкуваат интервенираат само на итни случаи, а на сите останати пациенти на кои состојбата не им е итна прегледите им се презакажуваат за други денови. nikola simonovskiД-р Никола Симоновски, претседателот на синдикат на Општата болница Охрид вели дека прекинот на работата се одвива без никакви последици по пациентите бидејќи на сите оние кои им е неопходна здравствена помош истата им се пружа.

Инаку, лекарите специјалисти бараат под итно укинување на проектот за плаќање по учинок. Како што веќе е познатао Министерот и Министерството за здравство не го прифаќа штрајкот бидејќи не била прекината работата со пациентите и дека се преговара само со гранковиот синдикат.

Се чека утре да се слушне ставот на двата синдикати по што најверојатно штрајкот ќе се интензивира, вели Д-р Симоновски. Тој и неговите колеги се сепак оптимисти дека Министерството ќе ја преиспита својата одлука и дека штрајкот ќе биде прекинат на општо задоволство.

{loadposition content9}