Skip to main content

Образование

Охридските матуранти го заиграа Квадрилот

400 охридски гимназијалци, од 3 средни училишта од градов и годинава беа дел од големата, интернационална манифестација „Матурска парада“.
 |  Голабовски Крсте  | 
парада

Охридските матуранти, на крајот на еден од највозбодливите делови од својот живот, деновите на средното училиште, го заиграа на градскиот плоштад Св. Климент Охридски, на музиката на Штраус, безвременскиот Квадрил. Заедно со своите соученици од Скопје, Гевгелија и Струга, но и со матурантите од други пет земји од светот, заиграа со белите чадори, а танцот симболично ги подготви за новата возбудлива страница од животот. Вредно и долго работеле на подготовките за овој свечен момент, сите веќе одлучни за тоа каде ќе продолжат со високото образование.

Настанот се одржа на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, а на присутните им се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој рече дека верува оти оваа генерација ќе донесе голем број професиналци кои ќе дадат огромен значај за идниот развој на градот.

„Соништата се денешните одговори на утрешните прашања. Успехот не доаѓа кога ќе посакате. Доаѓа кога ќе постојат јасни планови, силна жеба и постојана упорност. А.Линколн рекол:-„Секогаш имајте на ум дека вашата сопствена воља е многу поважна од било што друго. Затоа од срце ви посакувам да имате нескротвлива волја за ново знаење и мотив да ги стекнете личните квалитети“ , – им порача Др. Кирил Пецаков – Градоначалник Охрид.

Последните неколку години, составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е и „заклетвата за ненасилство“ прочитана од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува настанот.

„Да бидеме горди затоа што со матурантите од неколку градови од Македонија, како и со матурантите од останатите држави, не само што во исто време, на иста музика, синхронизирано игравме, како генерација испраќаме порака за ненасилство, мир и толеранција“, -порача Катерина Доневска – Матурантка ОСУ „Св.Климент Охридски“.

За подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се погрижи професорката Катерина Стојаноска. Организатори на настанот се Дирекцијата за култура и уметност Скопје и Танцов спортски клуб „Ритам плус“. Инаку, парадата на матурантите започна во далечната 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана.