Припадниците на ТППЕ Охрид неуморно се борат со огнената стихија која пет дена не стивнува на потегот помеѓу селата Косел, Расино, Опеница и Вапила. Денеска пожарот ставен под контрола, благодарение на ефикасното делување на сите ангажирани на терен.
На земја со екипите на Територијалната против пожарна единица од Охрид, координирано дејствуваат и вработени во општинските Јавни претпријатија,, Национални шуми, Национален парк “Галичица”, членови на доброволното против пожарно друштво “Ентузијаст”, ЦУК, ДЗС, месно население, како и доброволци кои се одзваа на повикот за помош.
Охриѓани се благодарни за пожртвуваноста.