Skip to main content

Охридските пратеници од ДПМНЕ во посета на болницата Свети Еразмо

Пратениците се сретнаа со раководството и ја разгледаа најуспешната болница во републикава, специјалната болница „Свети Еразмо“.

 |  Мишел Наумоски  | 
Kosna pratenici
Косна пратеници

Охридското пратеничко дуо, Александар Николоски и Хари Шокароски, ја посетија болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Имаа можност одблиску да го разгледаат работењето на болницата. Николоски и Шокароски имаа и работна средба со раководството на болницата на која се разговарало за позитивните достигнувања на „Свети Еразмо“, но и за предизвиците и проблемите со кои оваа болница секојдневно се соочува пред се поради напливот на пациенти.

Nikoloski Shokaroski Kosna„Ова е институција која што континуирано бележи успеси. Институција која што откако е д-р Митко Тилев директор го зголеми бројот на пациенти за 75 % што е неспоредливо со било која институција и заедно со неговиот тим, со Благоја Балев и со останатите луѓе кои што се тука и ја работат работата навистина и стручно и економски навистина ја водат перфектно работата и сакам да им честитам за таа работа и во исто време се заложивме да продолжиме да лобираме кај институциите кои што се надлежни за работа со болницата, пред се Фондот за здравство за исто така зголемување на буџетот имајќи го предвид обемот на работата.“-вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Директорот на оваа здравствена установа, д-р Митко Тилев задоволен од средбата со пратениците. Смета дека е тоа одличен начин да се поттикне и продолжи досегашната работа на болницата.

pacienti Kosna„Како што знаете вие нашата болница е прогласувана за една од најуспешните болници во Македонија, ние можеме да се токмиме со сите болници како во Македонија така и во регионот. Имаме пациенти не само од Охрид и југозападниот регион од Македонија туку и од соседните земји, од Албанија, од Косово што доаѓаат и им пружиме секаква помош и медицинска и стручна.“-рече Д-р Митко Тилев-Директор на болницата Свети Еразмо-Охрид

Пратеникот Хари Шокароски вели дека болницата „Свети Еразмо“ претставува своевиден бренд во здравството не само во Македонија туку и во регионот. Сепак додава дека и натаму треба да се работи на унапредување на условите и поволностите кои ги нуди болницата.

„Разговаравме и за тоа од кој аспект би можеле да се заложиме за подобрување на инфраструктурата на самата болница и приклучување кон одредени проекти на Министерството за здравство како и во проектот за реконструкција така и за проектот за дополнително набавување на медицинска опрема.“-изјави Харалампие Шокароски-пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

За крај Шокароски додаде дека токму болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ е една од успешните приказни во владиниот проект за набавка на нова медицинска опрема. Како дел од овој проект, помеѓу најважните набавени апарати се и новиот артроскоп, мобилниот рентген апарат, два анестезиолошки апарати, апарати за механичка вентилација, столови за операциона сала како и нови оперативни светла.

{loadposition content9}