Skip to main content

Животна средина

Охридскиот Регион, останува на светската листа на природно и културно наследство

Охридскиот Регион, со својата исклучителна универзална вредност, останува на светската листа на природно и културно наследство.
 |  Голабовски Крсте  | 
Ријад

Убава вест од 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, Охридскиот Регион, со својата исклучителна универзална вредност, останува на светската листа на природно и културно наследство.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчера во своето обраќање за време на сесијата истакна дека останува престижниот статус, но остануваат и препораките за негово зачувување.

“Препораките не се лесни и нивното реализирање бара наше целосно внимание. За да постигнеме успех во тоа, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските – и централната власт и локалната самоуправа и установите и граѓаните. Впрочем, обврските се точно адресирани. Многу работи од препораките ги имаме почнато, но останува нивната целосна реализација”-додаде таа.

“Благодарни сме што Комитетот ги призна напорите направени од Северна Македонија и затоа ни го обезбеди потребното време да продолжиме да правиме значајни чекори кон заштитата, зачувувањето и одржливото управување со Охридскиот регион. Работејќи заедно со Република Албанија, ние сме решени да го направиме управувањето со оваа локација пример за соработка, да го обезбедиме интегритетот и автентичноста на Охридскиот регион и да го пренесеме на следните генерации. Заштитата на природата и биодиверзитетот остануваат наша цел, како што е донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природата и нов Закон за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III – Споменик на природата.Остануваме посветени на спроведување на препораките на УНЕСКО за зачувување на ова глобално богатство кое ни припаѓа на сите нас”- порача министерката Шукова од Ријад.

Дел од Mакедонската делегација, предводена од Mинистерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, покрај министерката Шукова, беа и државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, како и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Зоран Павлов.