Skip to main content

Охридските советници со поддршка за лицата со ретки болести

Денеска советниците и советничките во Советот на Општина Охрид ги обоија дланките во разни бои во знак на поддршка и подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат пациентите со ретки болести.
 |  Маја Савиќ  | 

Денеска советниците и советничките во Советот на Општина Охрид ги обоија дланките во разни бои во знак на поддршка и подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат пациентите со ретки болести.

Последниот ден во месец февруари се одбележува како светски ден на ретките болести. А од први февруари започнува седмата Национална кампања Ги запознаваме ретките болести која ја спроведува Здржението на лица со ретки болести од Охрид, Ретко е да си редок.

-Традиционално како и претходните години, Советот на Општина Охрид дава максимална поддршка на лицата со ретки болести и всушност токму ова симболично обојување на едната дланка на советниците значи поддршка, но пред се реално сите работи кои се во наша надлежност како Совет , а не само преку обојувањето, туку како локална самоуправа да ги насочиме кон подобрување и унапредување на сите права на лицата со ретки болести, истакна Претседателот на Совет, Перчо Божиновски.

Божиновски посочи дека Општина Охрид и оваа година повторно ќе додели стипендии на учениците и студентите со ретки болести, по 3000 денари за период од 9 месеци.

– Исто така здруженијата коишто работат за актуелизација на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат овие лица, како што е здружението „ Ретко е да си редок“ исто така финансиски во рамки на Програмата за здравствена и социјална заштита ќе биде потпомогнато, кажа Божиновски.