Skip to main content

Охридски староградски средби по 26-ти пат

Старите, автетнични песни, со навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, по дваесет и шести пат пред публиката.

 |  Голабовски Крсте  | 
starogradski
староградски

староградскиЗа Охридските староградски средби хроничарите ќе речат: Една песна, една судбина, многу песни, многу судбини. Во драгоцените музички бисери, со години таложени во ризницата наречена народен пејач а испеани од тајфите и музичките дружини, годинава по дваесет и шести пат ќе ужива публиката. Охридските староградски песни ќе започнат со дефиле на учесниците  по охридските улици и краткотрајно нивно претставување на отворено на две локации , како и целовечерен концерт што ќе се одржи на утре во Големата сала на Центарот За култруа „Григор Прличев“.  Петар Нечески музички селектор на манифестацијата, вели дека за учество на овогодинешното издание на манифестацијата пристигнале околу триесеттина барања, а направена е селекција од дванаесет ансамбли и пејачки групи кои ќе претставуваат градови од сите делови на Македонија.

„Се трудиме да направиме нешто не со многу новитети, бидејќи при изборот на песните тие се наши песни македонски стари песни, ќе има и по некоја нова како освежување, но  гледаме покрај пензионерските друштва и хорските друштва, да венсесеме помалди групи и ансамбли, кои ќе ја освежат програмата и со еден збор ќе почнат и помладите да ја негуваат оваа староградска песна“ вели Нечески.

Petar НеческиХорски обработки на староградската македонска песна, мандолински оркестар, и професионални ансамбли се дел од програмата на годинешните староградски средби. За квалитетот на оваа музичка манифестација илузорно е да се зборува, не само во поглед на тоа што таа значи за зачувување на македонскиот староградски мелос, туку и дека е е една од ретките музички манифестации во замјава на која се пее и свири во живо.

„Овие староградски средби имаат голема перспектива зашто се единствени во Македонија, да презентираат ваква стара градска македонска песна која се пеела од турско време а знаеме дека и многу од иснтрументите потекнуваат од турските времиња, познатата чалгијата“ потенцира Нечески.

„Охридските староградски средби“ се реализираат со финансиска поддршка на Министерството за култура. Манифестацијата за првпат се одржа во далечната 1974 година и традиционално се одржуваше секоја година до 1996 година. По 11-годишен прекин, истата во 2008-та година повторно беше обновена, меѓу другото, како обид за продолжување на богатото охридско културно лето. Охридските староградски средби  започнуваа утре во 20 часот во Центарот за култура, а влезот е бесплатен.

{loadposition content9}