Skip to main content

Охридските стрелачи со солидни резултати од Купот во стрелање во Штип

Во конкуренција од триесетина пионери од повеќе градови, нашите пионери и пионерки со три места на подиумот.

 |  Мишел Наумоски  | 
strelaci
стрелачи

Пионерите и пионерките од охридскиот стрелачки клуб се вратија со одлични пласмани од стрелиштето во Штип. Третиот по ред Куп во стрелање со воздушно оружје кој е дел од националната програма е настанот од кој охриѓани се вратија со три места на подиумот.

strelaci StipТаму, во поединечна конкуренција со второ место се закити пионерката Симеона Милеска и резултат од 160 кругови, трето место кај пионерките освои Марија Магдалена Шишкоска со резултат од 156 кругови, додека кај пионерите, единствениот учесник, Петрит Аголи мораше да се задоволи со трето освоено место и резултат од 152 кругови, за три помалку од второпласираниот. Покрај стрелачите кои успеаа да се искачат на едно од трите места на подиумот, солидни резултати и за останатите охридски стрелачи. Од пионерките, со четврто место се закити Стефани Ефтимовска со резултат од 156 кругови, петтото место беше за Луана Попоски, исто така со 156 кругови, и шесто место за Мартина Кочоска со резултат од 155 кругови.

Инаку на овој Куп кој викендов се одржа во Штип учество зедоа триесетина пионери од повеќе клубови и тоа Охрид, Кавадарци, Прилеп, Битола и Скопје.

{loadposition content9}