Skip to main content

Охридскиот студенски дом, работи фул

Студенскиот дом „Никола Карев“, Охрид работи со полна пареа 365 дена. Последниве четири години оваа установа успеа да се справи со бројните наследени проблеми и да застане на сопствени нозе, без да должи ниту еден денар на било која институција или коминтент, вели првиот човек на студенскиот дом Марјан Ристески.

 |  Николоска Биљана  | 
studenski dom
студенски дом

studenski domОхрид има Студенски дом со услови како ретко кој друг град во државава. Во моментов се сместени вкупно 190 студенти, со што се исполнети 80% од капацитетот на домот. Тие имаат бесплатна интернерт конекција, 3 топли оброци со мени во чија што креација учествуваат и тие, греење и посебно бања за секоја соба. Пред повеќе од една година домот претрпе голема штета во висина од 5 милиони денари, поради пожарот кој што избувна во котларата. Но директорот Марјан Ристески вели дека денес тоа е само лоша слика од минатото.

„Се направи голема реконструкција на котларата, се вложија некаде околу 12 -13 илјади евра само во делот на котларата, околу 30 000 евра се набавија машините индустриски кои што беа за опслужување на потребите на студентите и се реконструира целосно објектот каде што беше цела оваа опрема.“

studenski domРистески нагласи дека на почетокот на неговиот мандат во 2009 година воопшто не било лесно да се застане на кормилото на оваа установа и да се справи со тешката состојба која што ја затекнал.

„Во почетокот се соочив со многу горчливи проблеми. Домот се наоѓаше во една прилично лоша финансиска состојба, со огромен број наследени долгови, со голем број на тужбени побарувња, процесуирани тужби така да во почетокот не беше лесно, ги надминавме сите тие работи со одреден дел на спроведување на систем на функционирање или добро менаџирање. Моментално за Студенскиот дом за овие 4 години колку што сум директор сето тоа е минато. Значи одговорно кажувам дека домот не должи ниту еден денар на било која институција во градов или било кој коминтент.“

Инаку, како што изјави директорот Ристески, во Студенскиот дом „Никола Карев“, 10 месеци од годината гравитираат студенти од Битола, Прилеп, Крушево, Македонски Брод, како и владините стипендисти кои што доаѓаат од соседна Албанија, а има и студенти на универзитетот за информатички технологии и наука во Охрид, кои доаѓаат од Камерун, Египет, Гана, Монголија, Шри Ланка. Додава дека во летниот период, односно во месеците   јули, август, студенскиот дом добро профитира од комерцијалното работење со надворешни гости.

{loadposition content9}