Skip to main content

Охридските тинејџерки психички понасилни од машките

Младите на возраст од 15 до 19 години, не успеваат да го препознаат психичкото насилство во нивните љубовни врски.

 |  Мишел Наумоски  | 
psihicko nasilstvo
психичко насилство

Охридските тинејџери не го препознаваат психичкото насилство во нивните љубовни врски. Овој факт е добиен преку спроведено истражување во охридските средни училишта. Скоро половина од испитаните 260 средношколци не ни одговориле на прашањата поврзани со психичко насилство во нивните врски. Но ова е само едно од загрижувачките откритија до кои е дојдено со оваа анкета. Изненадувачки, поголеми насилници во врските се женските тинејџерки, барем според одговорите на 26те испитаници, од кои 15 двојки признале психички облик на насилство.

tinejdzeri nasilstvoОд испитаниците далеку поголем е број  на анкетирани девојки  кои мислат дека љубомората е начин на изразување љубов во споредба со машките. Голем проблем е перцепцијата на психичкото насилство кај тинејџерите, бидејки спроведената анкета покажува позитивни ставови кај испитаниците за нивните врски, но 161 испитаник одрекуваат било каков облик на психичко насилство во нивната врска, а 82ца не ни одговориле на ова прашање.

Голем дел од испитаните тинејџери пројавиле и тенденција да го прикриваат ваквиот начин на однесување кај нивните партнери. Овој факт укажува дека тие во најголем број на случаите самите се ставаат во улога на жртва на психичко насилство.

psihicko nasilstvo kaj srednoskolciПерцепцијата за психичкото насилство кај тинејџерите добива искривена слика и поради достапноста на порнографските содржини кои не ретко вклучуваат и слики на насилство со тоа се сложуваат дури 168 од вкупните 260 испитаници. Возрасната граница од 15 до 19 години е всушност и најчувствителната фаза од адолесцентниот живот. Оттука недостатокот на комуникација помеѓу партнерите во врската, љубомората за која сметаат дека е еден вид на љубов, општеството и искривените перцепции се само дел од причините поради кои охридските средношколци не ни можат да препознаат дека вршат психолошко насилство врз својот партнер.

Инаку ова испитување е дел од проектот „За квалитетни љубовни врски, денес и во наредните 364 дена“. Него го спроведе Младинскиот совет од Охрид, со цел да се испитаат ставовите и мислењата на младите адолесценти за насилството во врска со кое обично се соочуваат.

{loadposition content9}