Самоукиот охридски гитарист Никола Гугоски објавува музички видео лекции на интернет платформите на кои го следат над 200 илјади луѓе, со над 50 милиони прегледи, претежно странската публика.
Неговата дружба со гитарата започнува на 14годишна возраст без претходно музичко образование, период кога се појавуваат онлајн платформите на кои што сега ги објавува гитарските лекции.
„ Како тинејџер ми беше интересно да видам што се објавува, учев од некои од тие гитарски видеа, ми беше интересно да пробам, немав ни опрема и не знаев како се креаираат овие видеа, но сакав да си дадам шанса. Почнав да објавувам уште од тогаш, првото видео го објавив во 2008 година.“, вели гитаристот Никола Гугоски.
Во 2016година Гугоски почнува да го интензивира објавувањето на видео лекции на неделно ниво. Објаснува како своето хоби успеал да го претвори во примарна работа со солидна заработвачка.
„Објавував видеа лекции за странски бендови како што се бендот Red Hot Chili Peppers а луѓето што сакаа да научат некако стигнуваа до моите видеа, не знам како, но веројатно им се допаѓаше начинот на кој ги прикажувам видеата, не зборувам во видеата само бавно свирам и ги прикажувам нотите кои ги свири гитаристот. Моментално објавувањето видеа наплатформата You tube ми е единствена работа, а за да почне да се заработува конкретно за Македонија потребни се околу милион прегледи месечно.“, објаснува Гугоски.
Надвор од онлајн ангажманот Никола првично свири во музички бенд во Охрид за да потоа се вклучи во Фајтинг Виндмилс тоа е група со која снима три албуми во периодот од 2013-18 година. Имале неколку настапи низ Македонија, мешу кои посебно е горд на настапот на на ОФ фест во организација на Скопје Џез фестивал.