©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Охридските занаетчии исплашени од новиот закон за бруто плата

Висината од 27.500 денари која со новиот закон за бруто плати, месечно треба да ја плаќаат занаетчиите внесе немир и неизвесност за нивниот опстанок.

 |  Валентина Нелоска  | 
lemilica
лемилица
Висината од 27.500 денари која со новиот закон за бруто плати, месечно треба да ја плаќаат занаетчиите внесе немир и неизвесност за нивниот опстанок.

Ставката за сите нас е премногу  висока категорични се занаетчиите. Чевларот Сашо Богојески вели  платил 27.500 со пари од дома, што ги заштедил.

„Овој износ е превисок за сите занаетчии,  не можеме да  оствариме месечен промет од 27.500 денари, а каде се останатите трошоци за кирија, струја репроматеријал вели Богојески. Следниот месец треба да ставиме клуч на дуќаните”- додава тој.

На  законската одлука која  започна да се спроведува занаетчиите регираале преку својата Комора вели кувенџијата Ацо Димитриески. Републичката комора на занаетчиите го обжалила Законот за бруто плати пред Уставниот суд. Малку здивнавме по најавите дека придонесите ќе се намалат за 50 насто велат занаетчиите.

rabotilnicaСнежана Стојаноска од регионалната дирекција на управата за јавни приходи не информираа дека намалувањето на ставката сепак е само најава.
Од Управата за јавни приходи велат засега  ќе постапуваме според законот. Сеуште нема никави промени и очекуваме званична одлука по законската процедура од  предлог измената  на законот за бруто плата.
Охриѓанката Сузана Блажеска, смета дека занаетчиските услуги за граѓаните  се секојдневна потреба. Таа често користи занаетчиски улуги  и е задоволна од нив. Би требало  занаетчиството да опстојува без занаетчиството не може да се живее смета Блажеска.

Луѓето кои макотрпно работат и својата егзистенција ја остваруваат чесно се надеваат дека работите ќе се сменат. Занаетчиите укажуваат дека на секоја Влада би требало да и биде приоритет подржка и унапредување на  занаетчиството. Младите луѓе треба да се насочуваат кон изучување на  занаетите за сами да го заработуваат лебот, а не да се на товар на државата како невработени потенцираат занаетчиите.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top