Охридскиот бербер Неат Алим Шогун освои трето место на Саемот за мода, фризура и убавина
Шогун е бербер со долгогодишно искуство кој се грижи охриѓани да бидат убаво и модерно потстрижени. И овој пат во силна конкуренција врвни светски стилисти го препознаа неговото знаење и вештина во машко потстрижување.
Трето место од стручното жири за охридскиот бербер Неат Алим Шогун на „ Саемот за мода, фризура и убавина 2019 што се одржа во Скопје. Охриѓанецот Неат Алим познат и како Шогун, по името на неговиот салон, постигна уште еден успех во категоријата машко потстрижување во силна конкуренција од 54 машки фризери. Шогун не го крие задоволството од големиот успех и открива кој е клучот на професионалниот успех.
„ Клуч на успехот е да се посветиш на занаетот, да ја сакаш својата работа. Секој кој има желба може да стане добар фризер, бербер. Ние како бербери ги пратиме светските модни трендови“, вели Шогун.
Шогун е бербер со долгогодишно искуство кој се грижи охриѓани да бидат убаво и модерно потстрижени веќе 25 години. Споделува дека охриѓани ги следат модните трендови и има доста храбри млади луѓе кои посакуваат да имаат модерна машка фризура.
„Во моментов е тренд во светот се модите стилови skin fade, low fade , а меѓу најактуелните е трендот Hair tattoo. Тоа е цртање на линии, портрети и разни знаци на главата“, споделува Шогун.
Скопскиот „ Саем за мода, фризура и убавина 2019 “се одржа под покровителство на Македонската фризерска асоцијација а учествуваа 120 фризери од Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Косово,Турција во 5 категории. На оваа голема манифестација учествувале и познати имиња од светот на модата и фризурата како што се Џанкарло Миланезе, Реихан Туна, Драган Живојиновиќ, Љупчо Петрушевски.