Skip to main content

Саем за вино, храна и туризам во белград

Охридскиот бисер и филигран на Опен Балкан

Охридскиот бисер и македонскиот филигран беа претставени на Саемот за вино, храна и туризам кој деновиве се одржува во Белград.
 |  инфодеск  | 
Саем за туризам

Од денес до 4-ти септември во Белград се одржува Саемот за вино, храна и туризам. На македонскиот штанд претставени се охридскиот бисер и филигран.

Чест и задоволство ни е да го претставиме Филигранот, Македонскиот рубин и Охридскиот бисер. На овој саем ја претставуваме македонската традиција за филигран и бисер, заедно со почесниот конзул Михајло Филев. На главниот штанд од Агенција за поддршка и промоција на туризмот изработуваме филигран. Го претставуваме и македонскиот рубин вметнат во филигранскиот накит – вели во изјава за ОхридНет Павлина Шикалеска, изработувач на накит од филигран.

Саем за туризам

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам завзема директно учество на заеднички штанд со Националните туристички агенции од Албанија и Србија, на саемoт за вино, храна и туризам, „Винска визија на Отворен Балкан“.

АППТ во својата Програма за саемот има превидено четиридневни активности. На штандот се предвидува со своја презентација да завземат учество занаетчии кои изработуваат традиционален македонски филигран. Фамилијата занаетчии Шикалески од Охрид ќе бидат присутни на македонскиот штанд кој ќе ја збогатат програмата со рачна изработка на сребрен филигрански накит. Со своја презентација на македонскиот штанд ќе бидат присутни и бисерите Филеви, од Охрид, би сакале да напоменеме дека Михајло Филев е почесен конзул во Србија. Посетителите ќе можат да бидат удостоени и со презентација на кој начин се изработува традиционалниот охридски бисер – информираат од Агенцијата за туризам.

Промоцијата на нашата земја како туристичка дестинација ќе биде проследена со туристички видеа, промотивни брошури, флаери, како и со промотивен материјал кој ќе го подготувава агенција Рејтинг по нарачка на Владата на Македонија. (брошури, банери, флаери и видео записи).
Презентација на гастрономскиот и винскиот дел ќе бидат дел од Програмата на Агенцијата за туризам каде ќе има дегустација на храна и вино обезбедени од винските и гастрономските излагачи на саемот.

Новинар : Соња Рилковска