Oхридскиот Brein o Brein со прв демофестивал
Oхридскиот Brein o Brein со прв Демофестивал.
Прв Демофестивал одржаа од прогармата Brein o Brein. Учениците кои го посетуваат центарот пред голем број посетители ги покажаа вештините кои ги научиле па така свиреа , пееа, танцуваа, а истовремено и сметаа. Учествуваа над стотина деца од сите нивоа на програмата , информира Валентина Кузманоска координатор инструктор во центарот бреин о бреин.
„Покрај вештините со абакус и менталната картичка ги видоа децата и во друго светло и способностите и талентите ,свирење, пеење, играње со пресметување и мултитастинг , истовремено да се обавуваат неколку активности“, вели Кузманоска.
Родителите и останатите посетители час и пол се дружеа и забавуваа во програмата на првиот Демо фестивал која ја приредија учениците од Brein o Brein.
„ Се запознаа со вештините и способностите кои ги нуди програмата во насока на развој на концентрација, меморија, самодоверба, лидерски способности, точност, брзина, креативност и ред други вештини со кои се здобиваат децата посетувајќи ја оваа програма“, напоменува Кузманоска.
На првиот Демофестивал и завршна активност на Центарот покрај учениците кои се посетители на различните нивоа од програмата Brein o Brein учествуваа и 16 ученици кои ги завршиле сите 10 нивоа од Програмата на охридскиот центар кој функционира во рамките на Црвен крст Охрид.