Охридскиот Чинар ќе добие нов силикон
Од понеделник ќе стартуваат конзерваторските зафати врз Чинарот предводени од скопоскиот конзерватор Љупчо Иљоски.
Од понеделник ќе стартуваат конзерваторските зафати врз Чинарот предводени од скопоскиот конзерватор Љупчо Иљоски. Во меѓувреме, стручниот тим од Министерството за животна средина направил увид за состојбата на чинарот. Директорот на просторниот и информативниот систем при ресорното министерство, Димитри Ролевски, вели дека констатирале сериозни механички оштетувања на обвивката и на шиндрите предизвикани од човечко вандалско однесување. Тоа придонело да се развијат габни форми кои се грда слика за Чинарот. Забележани се и други појави кои се појавиле по првата конзервација.
„Слојот од силикон што го поставивме на опшивката при конзервацијата во 2002 година покажува знаци на стареење.Тоа отвара простор за продор на деструктивни фактори и е потребна комплетна замена, напоменува Ролевски. Деловите кои не се опшиени треба хемиски да се третираaт со водоотпорна превлака пред се на мртвите делови од дрвот кои служат како стабилизатор на стеблото,“ укажуава Ролевски.
Во 2002 година експертите го исчистија трулежот и го конзервира платанот, а требаа да постават и вештачка кора, но за тоа министерството за животна средина не најде пари. 10 години потоа ресорното Министерство обезбеди конзерваторски тим, а Локалната самоуправа пари во висина од 200.000 денари за да спречат атмосферските влијанија да го уништат Чинарот.
„Со специјален конзерваторски алат прво треба да се исчисти гнилежот и да се отстранат сите суви гранки. Дрвото да се премачка со премази и сите шуплини да се затворат со полиуретанаска маса, па потоа да се постави решетка обложена со шиндра како заштита на дрвото од атмосферските влијанија“, го појаснува процесот на заштита Ролевски.
Предвидено е реконзервацијата на Чинарот да трае од 7 до 10 дена. При тоа ќе се употребат полиуретанска пена, силикон, фирнајс, а како најважни Ролевски ги потенцира, парафинот и вајсприцот, кои ќе овозможат долготрајна заштита на стеблото.
{loadposition content9}