Охридскиот Црвен крст дотура лекови, храна и евакуира загрозени жители во Дебрца
Охридскиот Црвен крст дотура лекови, храна и евакуира загрозени жители во Дебрца.
Екипите на Црвен крст интервенираат во Горна Дебрца на повик од жители кои бараат помош. Н а располагање имаат 15 волонетри и од денес на распоалгање е ставен теренски џип од скопскиот црвен крст. Нивните екипи се организирани и во координација со ЦУК , помагаат каде што е најпотребно и најприоритетно, кажува Сашо Точков , претседател на ЦК. Помош укажуваат и на стари и изнемоштени лица кои живеат сами во стариот дел на градот. Неколку дена волонтерите на Црвен крст евакуираат болни и граѓани кои останале заробени во планинските села во Дебрца, кажува Сашо Точков и ги наведува случаите во селата Врбјани и Слатино.
„ Од раните утрински часови се упативме во дел од одсечените села во Дебрца на барање каде што нема основни услови за живеење. Се евакуираа 6 луѓе кои се извлечени на магистралнот пат за Охрид. Има дојава и од две семејства од селото Слатино кои немаат храна , која ќе им ја доставиме во текот на денот“, напоменува Точков.
Во Дебрца ситуацијата е критична подвлекува градоначалникот Игор Трајкоски. Посебно е тешка ситуацијата со селата во Горна Дебрца. Трајкоски информира дека 4 ден селата се без електрична струја, телефонските линии се во прекин и не можат да контактираат со жителите. Снегот на места достигнува и над метар, а се прават напори да се обезбеди дополнителна механизација за да се исчистат патиштата.
„ Македонија пат треба да се вклучи во расчистувањето. Од разговорот со министерот за транспорт и врски треба да се вклучи Македонија пат да го исчисти регионалниот пат од Ботун до Велмеј за да се олесни комунакцијата, проблем се наносите кои на места има и повеќе од метар снег“, посочува Трајкоски.
Нашите обиди да стапиме во конатакт со раководителто на Македонија пат – секција Охрид останаа безуспешни. Граѓаните се загрижени по најавите за нови снежни врнежи. Од Охридски Комуналец велат дека се подготвени за нова ситуација и дека обезбедиле дополнителна механизација. Се очекуваат и количини од по 50 тони сол и ризла за интервенција на улиците и патиштата.
Напојувањето со електрична енергија и понатака е критично 4 ден без струја се Горно и Долно Лакочереј, Косел, Орман, Вапила, Ливоишта, Вевчани и селата во околината на Струга.
{loadposition content9}