Skip to main content

Охридскиот градоначалник и холандскиот амбасадор во земјава упатија порака до политичарите во Скопје

 Охридскиот градоначалник и холандскиот амбасадор во земјава упатија порака до политичарите во Скопје.

 |  Валентина Неловска  | 
politi

Вилем Пломб, амбасадор на Кралството Холандија во земјава, денес беше во посета на Охрид.  Амбасадорот Пломб имаше средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Средбата беше во насока на понатамошно  развивање на добрите пријателски врски меѓу двете земји, за поголем број на холандски туристи на охридската ривиера, како и за што поуспешна туристичка сезона  во Охрид. Пломб упати порака до политичарите во Скопје и до холандските туристи.  

полити„ Мојата порака до холандските туристи поврзана со туристичките патувања е да доаѓаат во  Охрид. Истовремено ја повторувам пораката на министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, во Европскиот парламент од минатиот понеделник, упатена до политичарите во Скопје, да најдат решение за излез од политичката криза и да почнат да ги спроведуваат пораките од Прибе“, порача Пломб.

Градоначалникот Никола Бакрачески упати благодарност до холандскиот амбадор што  дава поддршка за Охрид  и што упатува порака до холандските гости да се чувствуваат безбедно на езерскиот брег. Бакрачекси се приклучи кон апелот што поскоро да се најде излез од политичката криза во земјава за таа да остане и понатака привлечна туристичка дестинација.

аден„Брзо да се направат максимални напори политичката криза да биде што побрзо надмината  и државата да се придвижи во вистинската насока. Тоа е од круцијално значење не само за туристичката понуда туку и за развој на туризмот во градот Охрид и на другите туристички дестинации во Р Макеодонија“ , истакна Бакрачески.

Двајцата политичари потсетија на  придонесот на А.Ден Доолаард   за некогаш и денес  најредовни и најбројни  туристи на охридскиот брег  да бидат холанѓаните.  Во градскиот парк заедно го посетија спомен обележјето на холандскиот писател и новинар и положија цвеќе.