Skip to main content

Охридскиот ресторан Далга се најде на странците на светското списание Вог

Охридскиот ресторан Далга се најде на странците на светското списание Вог.

 |  Валентина Неловска  | 

Ресторанот Далга се најде на странците на светското списание Вог. Познатито охридски угостител Љупчо Патчев, сопственик на ресторанот Далга е изненаден  од написот затоа што не ни знаел дека авторот  на текстот бил нивни гостин.

„За нас е пофалба и ми се чини и за градот и за Македонија некој да напише пофални зборови не само за Далга и за Македонија, а мене ме радува што е спомената  Далга без да знаеме кој човек дошол. Се гледа дека работиме успешно и ја претставуваме Македонија на еден начин во светот“, вели задоволно  познатиот угостител Патчев.

Во написот на Вог, ресторанот Далга  се споменува по прекрасната местополжба од каде што се гледаат Петрино и Галичица, а може да се вкусат макалото и рибните специјалитети. Патчев кажува дека странците за разлика  од домашните гости го обожаваат макалото, а тоа не е таен рецепт туку многу лук и зејтин со сол, подвлекува Патчев. Додава дека е греота и страмота  да ја нема пастрмката во охридските ресторани. Ова е  проблем во последните 15 години, а пастрмката треба во доволна количина да се врати во понудата на рестораните , вели Патчев.
 
„Рибата и во турско време беговите  ја јаделе само во Охрид. Иако можеле да им ја транспортираат и во Стамбол им велел таа риба е вкусна да се јаде само покрај езеро во Охрид. А ние за жал ако ја јадеме рибата во Скопје  е престиж,  а во Охрид ќе правиме ќебапчиња, “ вели Патчев.
 

Познатиот охридски угостител Љупчо Патчев, вели дека за еден ресторан покрај вкусната храна  важна улога има и персоналот. Пречекот и испраќањето на гостите од страна на келнерите е многу важен чин за гостите да се чувствуваат убаво  и да дојдат повторно.