Охридскиот Ротари клуб донираше нов клима уред на детското одделение во Општа болница
Охридскиот Ротари клуб донираше нов клима уред на детското одделение во Општа болница. Покрај новото греење ги поправија и старите клима уреди. Ротари клубот, постојано, настојува да ги подобрува условите за лекување на најмладите пациенти.
Детското одделение при Општа болница Охрид доби нов клима уред. Станува збор за донација која ја обезбеди охридскиот Ротари клуб, информира претставникот, познатиот педијатар д-р Никола Филев. Покрај, Ротари клуб активно се вклучи и фирмата Елма од Охрид.Тие заедно се погрижија за подбрување на болничките услови во болницата.
„Во последно време го пратиме работењето на одделението и приметивме дека греењето им е послаба страна во зимскиот период. Направивме акција со поставување на нов еркондишн, а старите ги ревитализиравме. Сега условите се попријатни за колегите и персоналот“, кажува д-р Филев од охридскиот Ротари клуб.
Ова не е прва донација на охридскиот Ротари клуб за подобрување на боличките услови на детското одделение. Пред неколку години со помош на Ротари интрнешанл издејствува донација за ова одделение во висина од 200.000 евра. Комплетно, современо опремија 6 апартмани со сите попратни елементи за лекување на најмладите, потсетува д-р Филев.
„Со Ротари интернешанал набавивме најсовремена опрема за дијагностика со ехо апарат, спирометрија, мониторинг систем за следење на тешките случаи, микроскоп и други помагала корисни на перосналот, кој работи интензивно и се прави борци, а со ваква опрема полесно ќе се справат со проблемите кој за жал ги имаме“, напоменува д-р Филев.
Ротари клубот не застанува тука продолжуваат со намерите да бидат општествено корисни. Постојано да ги следат потребите на заедницата и да се вклучуваат активно во подобрување на условите посебно кога станува збор за најмалите пациенти. Од охридксиот Ротари клуб ги повикуваат сите хумани сограѓани , в петок, на Водици, во хотелот Гранит, да се вклучат во големата Ротари роденденска хуманитарна акција на која ќе учествуваат Ротари клубови од повеќе земји.