Охридскиот Сонк стапи во солидарен штрајк со глад
Охридскиот Сонк стапи во солидарен штрајк со глад.
Охридскиот регионален синдикат за образование, наука и култура од утрово е во штрајк со глад.
Аце Речкоски, претседател на регионалниот Сонк, вели даваат поддршка на тројцата професори од штипскиот универзитет кои штрајкуваат со глад барајќи ги своите прекршени законски права за да бидат реизбрани за вонредни професори. Речкоски нагласува дека со солидарниот штрајк регионалните одбори на Сонк, меѓу кои и нивниот, бараат Универзитетот „ Гоце Делчев“ да постапи според решението на Државниот просветен инспекторат. Тоа значи да се повтори гласањето на нучно наставниот совет врз основа на рецензентската комисија, а не да се оди со пролонгирање на рокот до 24 август. Речкоски ја појаснува и целта на ваквиот потег на синдикатот.
„Советот на Сонк како прв чекор ја презеде оваа мерка со цел да се стави до знаење дека, во иднина синдикатот за образование, наука и култура, како и досега, ќе се грижи за правата на своите членови. Им упатува порака на институциите во државата дека не може во демократско општество некои установи да реагираат на сличен начин како овој“, изјави Речкоски.
Солидарниот штрајк со глад е на неодредено време се додека случајот со тројцата професори не добие разрешница. Штрајкот е прифатен од членовите на регионалниот одбор на Сонк во Охрид. Речкоски кажува дека членовите им ја даваат поддршката.
Во Охрид има околу 900 членови на Синдикатот за образование, наука и култура.
{loadposition content9}