Охридскиот совет го усвои ребалансот на буџетот за 2020
Има отстапување од 9 проценти од првично проектираниот буџет. Градоначалникот е задоволен од реализираните програми и покрај предизвикот во работата во сложени услови за време на пандемија. Опозицијата не ги прифати предложените предлог програми за измена со ребалансот.
Охридскиот совет го усвои ребалансот на буџетот. Со ребалансот се кратат дел од средствата кои се планирани и се во тек на реализација, а за наплата ќе пристигнат во новата 2021 идната година, кажа градоначалникот Константин Георгиески. Вкупниот буџет е намален за 9 проценти и изнесува 1 милјарда 113 мил 433 илјади 751 денари , а основниот буџет изнесува 548 милиони и 300 илјади денари.
Георгиески кажа дека во остварување на буџетот носечка е програмата за уредување на градежно земјиште кое заклучно со 31ви октомври 2020 изнесува 70 посто. Тоа се должи на успешно завршување на реконструкции на повеќе улици во градот и селските населби. За реализација на овие инвестициски проекти и други големи инфраструктурни зафати беа издвоени 92 милиони денари од општинскиот буџет, напомена Георгиески.
„Со донесениот ребаланс на буџетот се овозможува реализација на проектите за кои се завршени тендерски постапки и се склучени договори, се очекува да започнат за два месеци со реалиција, а дел од инфраструктурните проекти ќе се исплаќаат во наредната година. Тука би сакал да ги издвојам проектите на улица Марко Цепенков, изградба на дел од коритото на реката Грашница од Булевар Туристичка до Железничка, изградба на резервоар за водоснабдување во Горно Коњско, изградба на потпорен ѕид во Стар град, поставување на подземни контејнери во повеќе делови од градот за кои советот донесе денес одлука“.
Опозицијата, пак при усвојување на ребалансот на општискиот буџет за 2020 не даде зелено светло за предложените предлог програми. Посочија дека има кратење во ставки кои имаат големо значење за животот на граѓаните.
„Предлог програмите за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води првично во буџетот беше предвидено 32 милиони денари , а сега 16 милиони половично кратење , тоа е половично кратење. Знаеме за што имаат граѓаните најмногу потреба а ние треба да кратиме каде што имаат најмногу потреба граѓаните“, кажа советникот Гоце Георгиески .
Пред почетокот на седницата Градоначалникот повлече од Дневен ред две точки, една за утврдување на тарифа за отпадни води на ЈП Нискоградба и ја повлече одлуката за нови вработувања во ЈП Водовод. Беа изгласани извештаите за работата на средните училишта и градинката. Беше прифатена одлуката за утврдуавње на локации за поздемни контејнери, а советниците дадоа зелено светло и за субвенционирање на ЈП Охридски комуналец со 1 милион денари за набавка на половно специјално товарно возило. Советниците се изјаснија и за воспоставување соработка со општина Ресен.