Skip to main content

Во будимпешта одржан состанок на стручните тела

Охридскиот студентски дом зеде активно учество во работата на Здружението на студентски домови на Југоисточна Европа

На состанокот беа сумирани резултатите од основањето на здружението, па до денес. Исто така беа договорени идните правци на делување.
 |  инфодеск  | 
Студентски дом Никола Карев

Студентскиот дом „Никола Карев” од Охрид активно учествува во работата на Здружението на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа.

Во Будимпешта се одржа состанок на стручните тела, како и работните групи на Здружението на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа. Член на ова Здружение е и Студентскиот дом „Никола Карев” од Охрид, а во работата на состанокот активно учество зеде и директорот на домот, Жарко Куциноски.

Студентски дом Никола Карев

На состанокот беа сумирани резултатите од основањето на здружението, па до денес. Исто така беа договорени идните правци на делување.

На состанокот беше присутен и Државниот секретар (на ниво на Министер во Владата на Унгарија) Золтан Маружа од кого добивме поддршка за понатамошната работата, како и идната соработка на Здружението – вели директорот на охридскиот студентски дом. 

Студентски дом Никола Карев

На состанокот била донесена одлука за местото и периодот на одржување на втората конференција на Здружението на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа.

Студентски дом Никола Карев